Најмалку осум жртви во земјотрес во Турција

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени по Рихтеровата скала беше регистриран денеска во регион на турско-иранската граница.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека најмалку осум лица загинале, а пет други се повредени во земјотресот.

Меѓу загинатите има три деца. Во турските села погодени од земјотресот има урнати куќи.

Техеран пак, соопштува за 25 повредени од кои 10 биле хоспитализирани.

Земјотресот се случи во 05:52 часот по локално време на 101 километар источно од градот Ван, во Турција и 32 километри северозападно од иранскиот град Салмас. Земјотресот бил на длабочина од пет километри.

Според изјави на лица од локалното население, земјотресот траел околу 15-25 секунди.

Најмалку седум последователни земјотреси помеѓу 2,3 и 3,7 по Рихтер беа регистрирани во областа.

реклама

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе