Свет

Најмалку шестмина убиени, а повеќемина повредени во пукање во Германија

24. јануари 2020 - 15:01 | МИА/КАЈГАНА

Најмалку шест лица се убиени, а повеќемина се повредени во пукање во германскиот град Рот ам Зе, јави DPA.

Германската полиција на Twitter соопшти дека напаѓачот е уапсен.

Според првичните информации се верува дека пукањето било поврзано со лични причини и се верува дека нема други напаѓачи.

До нападот со огнено оружје на југот на Германија дојде околу 12.45 часот по локално време, а напаѓачот (36) е уапсен.

Локалните медиуми наведуваат дека до пукањето дошло до ресторан во Бахнофштрасе. Според германските медиуми, кога полицијата дошла на местото на настанот во просторијата и на улицата лежеле мртви и ранети.

Според засега непотврдени информации, станува збор за семејна кавга, при што жртви се членови на семејството.

Рот ам Зе е гратче со нешто над 5.000 жители. Во новата објава, полицијата соопшти дека операцијата е сè уште во тек и ги повика граѓаните да се воздржат од нагаѓање. 

Полицијата соопшти дека по инцидентот, кој се случи малку по пладне по локално време, во тек е голема операција. 

Коментирај