Најмалку три лица загинаа во железничка несреќа во Хрватска

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени кога се судрија патнички и товарен воз во централниот дел на Хрватска.

Судирот се случил синоќа, околу 21:30 часот по локално време, во близина на градот Новска, кој се наоѓа блиску до границата на Хрватска со Босна и Херцеговина.

– Ударот беше огромен, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој на местото на инцидентот отиде заедно со други владини претставници.

Пленковиќ потврди дека на местото на инцидентот се пронајдени тела на три лица, но рече дека може да се откријат уште жртви во утринските часови, пренесе TV TRT.

Повредените се хоспитализирани, бидејќи некои од нив се со тешки повреди, но никој не е во животна опасност, додаде тој.

Како што дознава Index.hr, патничкиот воз се движел со брзина од 100 км/час кога налетал на воз во дефект. Возот, наводно, поминал на црвено светло пред да удри во запрениот товарен воз со полна брзина.

На местото на несреќата е Томислав Антун Бибер, главен истражувач за железнички несреќи од хрватската Агенција за истражување на несреќи во воздушниот, железничкиот и поморскиот транспорт.

– Очигледно е дека патничкиот воз удрил во товарниот воз, кој бил во дефект. Според некои информации, патничкиот воз не застанал на сигналот за застанување“, изјави Бибер за 24 Sata.

Истрагата ќе утврди зошто возот не застанал.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе