САНА МАРИН ДАДЕ СВЕЧЕНА ЗАКЛЕТВА ВО ВТОРНИКОТ

Најмладата премиерка во светот била израсната од геј родители

Сана Марин е избрана за нов премиер на Финска и со 34 години е најмладата премиерка во светот.

Марин, која во почетокот на годинава беше назначена за министер за транспорт и комуникации, беше изгласана од нејзината Социјалдемократска партија по турбулентната политичка недела во која премиерот Анти Рине даде оставка поради критиките упатени од редовите на неговата коалициска влада за начинот на кој се справи со штрајкот на поштенските работници.

Марин сега ќе ја води централно-левичарската коалиција составена од уште четири други партии кои исто така ги водат жени и сите имаат помалку од 35 години.

„Не падна од небо“, вели Јохана Кантола, професорка по родови студии на универзитетот Тампере. „И јавноста многу ја сака.“

Кога даде свечена заклетва во вторникот, Марин стана најмлад премиер на функција во светот. Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, има 39 години, а украинскиот премиер Олексиј Хончарук има 35.

Она што дополнително ја истакнува Марин е фактот дека била израсната од геј родители: мајка ѝ и нејзината партнерка.

Во интервју за финскиот вебсајт Menaiset во 2015 година таа изјави дека како дете се чувствувала дека е „невидлива“ бидејќи не можела отворено да зборува за нејзината семејна ситуација во училиште.

„Тоа беше нешто за кое не се зборуваше“, рече таа, објаснувајќи дека отвореноста за ЛГБТК+ семејствата во Финска е нешто што се случува од неодамна.

„Тишината беше најтешка. Невидливоста правеше да се чувствувам инфериорно. Не бевме признаени како вистинско семејство, ниту пак бевме еднакви со другите“, објаснува таа.

„Дури и кога бев малечка, бев многу директна и тврдоглава. Ништо не поднесував со леснотија.“

Марин нагласува дека мајка ѝ секогаш ја поддржувала и ѝ помогнала да верува дека може да направи сѐ што ќе посака.

Тоа што израснала во работничко семејство со две геј жени ѝ помогнало да сознае колку е важно да се бори за социјална правда.

„За мене, сите луѓе секогаш биле еднакви. Тоа не е прашање на лично мислење. Тоа е основата на сѐ“, децидна е Марин.

Марин е мајка на 22-месечната Ема Амалија Марин и преку социјалните мрежи отворено зборуваше за нејзината бременост и предизвиците на мајка која активно работи. Објавуваше фотографии од текот на бременоста, како ја дои ќерката и како се справува со улогата на мајка, вршејќи силно влијание на жените кои поминуваат низ истото.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе