Најмладиот член на кавадаречката библиотека има четири години, а најстариот 89

Кавадарци, 21 јануари 2021 (МИА) – Најмладиот член во кавадаречката библиотека има само четири години, а последна позајмена книга од него е „101 начин да ја спасиме Земјата”. Директорката на библиотеката, Весна Гркова рече за МИА дека највозрасниот член има 89 години.

-Библиотеката ,,Феткин” своите корени ги носи уште со формирањето на првото читалиште во 1870 година во Ваташа. По ослободувањето отпочнала со работа на 16 мај 1945 година, во склоп на гимназијата, а од 1953 година работи како самостојна установа. Од 1964 година добива свој простор во зградата на Домот на културата во централното градско подрачје, во кој се наоѓа и денес. Во текот на своето работење, низ годините, преку библиотеката имаат поминато многу генерации ученици како и сите останати категории граѓани: вработени, студенти, невработени и пензионери во општина Кавадарци, кои во текот на своето школување ги користеле услугите на оваа институција од културата, која придонесува за подигање на културното и образовното ниво на граѓаните, појасни Гркова.

Денес во библиотеката се зачленети 3.185 возрасни членови и 3.020 членови во оддел за деца, од кои 2.450 се активни членови.

-Се читаат сите жанрови на литература а најмногу белетристика и тоа трилери, драми, романси, историски и биографски дела. Додека децата и младите читаат најмногу лектири, обработки, бајки и најчитаната книга за млади ,,Хари Потер”, информираше директорката.

Таа нагласи дека по статистиките, во Кавадарци повеќе читаат женските, отколку машките лица.

-Интересно е дека читателите во библиотеката од најрана возраст доаѓаат и позајмуваат книги и тоа продолжува во текот на нивниот живот, за време на школување па и после завршување на школувањето. Некои членови со прекини се зачленуваат повторно, но има и такви кои без прекин се членови секоја година. Таков случај е Кузманова Маре, која редовно без прекин членува во библиотеката веќе 50 години. Иако лице со посебни потреби, од своето описменување до денес нејзината дружба со книгата е секојдневна. Со помош на своите родители позајмува и чита редовно најразлична литература, од класици до најновите изданија белетристика, соопшти Гркова.

Изминатата година запаметена најмногу поради корона кризата, беше карактеристична за библиотеката по тоа што за првпат се воведе карантин во работата на библиотеката.

-Карантинскиот период и периодот на изолација ја наметнаа зголемената потреба од читање на книги. Интересот за позајмување на книги се зголеми и книгата стана начин за квалитетно исполнето слободно време. Се воведе и карантин за вратените книги, кои отстојуваат во посебна просторија три дена каде има УВ ламба, се со цел безбедно да се позајмуваат на читателите после овој период, појасни директорката.

Членарината изнесува 200 денари и трае една година, а се плаќа пет денари за позајмена книга.

-Читателите имаат слободен пристап до книгите. Се набавуваат најновите изданија од сите издавачки куќи, освен на македонски, има и англиска литература. Во склоп на библиотеката се чуваат и делата на роднокрајните автори како и дневните весници Нова Македонија од 1947-2005 година. Исто така има и интернет катче кое може да се користи, додаде Гркова.

реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Книги

Ден Браун најави нова книга од серијалот со Роберт Ленгдон

Read more

Исланѓанец 110 години ги лажел сонародниците за Дракула

Read more

7 совети од Ернест Хемингвеј како да бидете подобар писател

Read more

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more
 

Магазин

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Читај повеќе

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Читај повеќе

Пет висококалорични намирници кои треба да ги јадете

Читај повеќе

Зошто е важно да им дозволите на децата да прават грешки додека растат?

Читај повеќе

Колку чекори треба да правиме дневно за да слабееме?

Читај повеќе

Дали шеќерот може да го поттикне развојот на рак?

Читај повеќе

Како да ги ублажите симптомите на алергија во пролет?

Читај повеќе

Дали само пешачење е доволно за да бидете фит и здрави?

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да го зголеми ризикот од срцеви проблеми

Читај повеќе