Најмногу новозаразени во Скопје и Тетово, се чека владината одлука за полицискиот час

Владата денеска треба да решава за предлогот поднесен од Комисијата за заразни болести полицискиот час за претстојниот викенд, кој е продолжен со два празника, да почне в сабота во 19 часот и да заврши во 5 часот во вторник.

Причината, како што појасни министерот за здравство Венко Филипче, се должи на непочитувањето на мерките од страна на одредени граѓани, а зголемениот број новозаразени е поради настаните и семејните собири што се случувале изминатите денови. Надлежните сметаат дека со ваква ригорозна мерка ќе се постигне вистински ефект.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на вчерашното гостувањето на ТВ 24, спроти одлуката на Владата каков полициски час ќе има викендов, потенцира дека олабавувањето на мерките е правопропорционално со почитување на препораките.

-Се вршат консултации, досега се почитуваа препораките, ние ги следиме експертските мислења. Ќе мора да одиме кон олабавување на мерките, но тоа значи почитување на другите нерестриктивни мерки. Но, тие мерки не се почитуваат, не се носат маски, не се почитува растојание. Ако сакаме да имаме намалување на мерките, мора да се почитуваат препораките, рече Манчевски.

Во пресрет на големиот муслимански празник ИВЗ преку соопштение информира за донесени низа мерки што треба да се спроведат во секоја џамија на 24 мај поради обавувањето на намазот на Фитр Бајрам.

На својот фејсбук профил Реис-ул-Улема на ИВЗ во РСМ, Хаџи Сулејман ефенди Реџепи пишува дека сабах намазот (утринската молитва) е одлучено верниците да ја обавуваат дома, односно апелира повеќе да се користат дворовите на џамиите за обавување на молитвите. Дел од мерките што ќе треба верниците од исламска вероисповед  да ги почитува во тек на молитвата за Рамазан Бајрам, ИВЗ ги има донесено и на 7 мај кога одлучи да ги отвори џамиите после две месеца пауза.

–Обавувањето на намазот на Фитр Бајрам да не биде подолго од 15 минути, максимално да се избегнат поздравите со физички контакт, откажување од посета на гробишта за време на Фитр Бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку, дезинфекција на џамии, задолжително носење маска, чистење раце со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носи ракавици, секој верник треба да има лично сеџаде, се вели во одлуката на ИВЗ.

Воедно, од таму истакнуваат дека ​меѓу верниците треба да се запази физичката дистанца колку што е можно повеќе, односно е забранет престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамијата.

Поради сегашната состојба со коронавирус, Ријасетот на ИВЗ ја откажа организацијата на традиционалната централна манифестација по повод Фитр Бајрам.

Според соопштението од Министерството за здравство, заклучно со вчерашниот ден, направени се 549 тестирања при што се регистрирани 40 нови случаи.

На Институтот за трансфузиона медицина вчера е пуштен во употреба нов клеточен сепаратор за плазмаферза. Овој апарат, Институтот го набави од сопствени средства и периодов ќе се користи за донирање конвалесцентна плазма, која може да ја дарува лице кое има оздравено од коронавирусот. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, досега излекувани се пет пациенти со крвна плазма. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе