Управниот суд има 48 часа да донесе одлука за приговорите за првиот круг од локалните избори.
Рокот за поднесување тужби од партиите против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври истече во 11 часот.
Според последните информации, најмногу тужби поднела ВМРО-ДПМНЕ (24), а по една тужба поднеле Левица и ТМРО.
Управниот суд по тужбите треба да донесе одлука 48 часа од нивното поднесување.