Вести

Најмоќното и најмалото USB на светот

10. јануари 2018 - 9:15 | М.Д.

Компаниите секоја година се натпреваруваат кој може да „спакува“ повеќе меморија во што помал простор. Овогодишен победник е SanDisk, кој претстави минијатурен USB flash drive, кој може да складира 1TB меморија.

Минатата година Кингстон успеа да направи нешто уште подобро и претстави 2 терабајта на малку поголема површина од просечен USB драјвер.

SanDisk тоа го направи со уште помало USB, многу малку поголемо од железна монета, а воедно станува збор за најновата технологија USB-C, што значи дека може директно да се внесе во Android телефон.

Иако е претставен само прототип, а се уште не е најавена ниту потенцијалната цена и датум на лансирање на пазарот, се претпоставува дека ќе чини околу 500 долари.

Коментирај