Авто новости

Најмоќното Porsche досега „грми“ со повеќе од 700 коњски сили

5. декември 2019 - 13:43 | А.С.

Најавен е моделот Porsche 911 Hybrid со повеќе од 700 коњски сили.

Погонската механика на основниот модел Porsche 911 Turbo S со сериски 580 коњски сили е засилена со електромотор од околу 100 kW.

Вкупните 700 и нешто коњски сили, со погон на сите четири тркала, се насочуваат преку секвенционален седумстепен автоматски менувач со двојно квачило, со можност за избор на еден од пет динамики (режими) на возење.

Овој бензинско-електричен спој со максимален вртежен момент од речиси 1.000 Nm овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,6 секунди.

Со специјално прилагодениот систем Launch control се овозможува „летечки старт“ за само 2,5 секунди.

Максималната брзина на оваа хибридна „ѕверка“ изнесува 335 км/ч.

Коментирај