Најмоќното BMW во историјата е теренец со 748 КС

748 КС и 1000 Nm, тоа е максимумот на располагање за најмоќното сериско BMW во историјата.

А производството започнува во август годинава, што значи дека многу брзо првите примероци ќе стигнат на патиштата.

Секој што се плашеше дека Red Label ќе биде целосно електричен, сега може да здивне. Приказната е добро позната, а носач е V8 со максимални 585 КС. Електричниот мотор го прави останатото до споменатата максимална моќност.

Разликата во вртежниот момент е уште позабележителна во однос на „стандардниот“ XM. Плус е дури 200 Nm, па максимални 1000 Nm му се достапни на возачот додека V8 врти со 5600 вртежи во минута. Специфичните податоци велат дека електромоторот може да произведе до 197 КС и 280 Nm.

Се разбира, одделот М не само што ја зголеми моќноста, туку направи и голем број модификации за супертеренецот на BMW, вклучително и модификации на осумстепениот менувач.

Максималната брзина е ограничена на 250 км/час, а со опционалниот пакет M Drivers се зголемува на 290 км/час. До 100 км/час достигнува за 3,8 секунди. Од друга страна, XM може да вози речиси тивко на електрична енергија до 140 км/час со опсег од 78 до 83 км според WLTP. Ништо не е „нормално“ во BMW, дури ни концептот за тивко возење. Имено, за на струја ја нуди „IconicSounds Electric“ компонирана од Ханс Цимер, а изборот е на возачот.

Официјалните податоци за потрошувачката говорат за потрошувачка на бензин од 1,7 l/100 km и потрошувачка на електрична енергија од дури 34,5 kWh/100 km. Затоа, не треба да чуди што батеријата има ист капацитет како и помалите електрични автомобили - 25,7 kWh. Се полни на полнач со моќност до 7,4 kWh, а од 0 до 100% полнење трае 4,25 часа.

Кога станува збор за дизајнот, нема да кажеме ништо ново ако заклучиме дека ќе предизвика голем интерес. На крајот на краиштата, како и секој XM. Оваа верзија е можеби уште попријатна за око. Тој оди до крајност, а покрај посебната металик црна боја, носи и црвени детали, што е само една од 50-те нијанси на располагање. Внатрешноста е направена по истиот рецепт.

Remote video URL

Доколку се прашувате колку чини овој супер-SUV, одговорот е 203.000 евра. А наскоро ќе биде распродаден од едноставна причина што BMW нуди само 500 примероци.

Во исто време, BMW најави и послаба верзија на 50e, за која се претпоставува дека ќе падне за два цилиндри, но и за најмалку 200 КС.

МЕГА ГАЛЕРИЈА: BMW XM LABEL RED од секој агол

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе