РОДЕН НА ДЕНЕШЕН ДЕН

Најмудрите мисли на Тоше Проески за љубовта и животот

Александра Спасеска
/ 25.01.2022 / 14:55

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 година во Прилеп, како второ дете на Никола и Доминика Проески.

Тоше беше несомнено една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, а во Македонија се смета за заштитен знак на домашната забавна музика.

Музичката кариера ја почна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победи, изведувајќи ја песната „Yesterday“ од „Битлс“. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Имаше блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори.

Се смета дека подемот во неговата кариера започна по изведбата на песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше стана дел од продуцентската куќа Авалон, каде што остана сѐ до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз „Ве сакам сите“.

Загинал на денешен ден, 16 октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

Покрај тоа што беше талентиран музичар, Тоше беше и голем хуманитарец, човек со големо срце и чиста мисла. На овој ден, да се потсетиме на неговите најубави и најмудри мисли за љубовта и животот и да се потрудиме што е можно почесто да се водиме по нив, во негова чест.

„Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов“

„Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе“

„Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.“

„Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва... Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.“

реклама

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари

Read more

Короната има нов симптом - заразените не се ни свесни дека е од вирусот

Read more

Што ќе се вози во Русија: Москва како Хавана?

Read more

Поранешен бунтовник стана претседател на Колумбија, најави преговори со нарко-бандите

Read more

МК сцена

Хуманитарен настап на Ламбе Алабаковски и Некст Тајм во Тетово

Read more

По 16 години повторно Рудар-рок фест во Пробиштип

Read more

Охрид фест на 2 и 3 септември, ќе настапат Кики Лесендриќ, Владо Калембер, Златко Пејаковиќ

Read more

Презакажан концертот на Дајте музика

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Новата серија на Netflix од 165 милиони долари ги воодушеви критичарите: Вистинско ремек дело

Читај повеќе

Хуманитарен настап на Ламбе Алабаковски и Некст Тајм во Тетово

Читај повеќе

Warner Bros потврди: Ќе се снима Joker 2

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајката на Стифлер откри дека благодарение на American Pie спиела со 200 партнери

Читај повеќе

Скорсезе ќе снима нов филм со Леонардо Дикаприо

Читај повеќе

Како ќе прозвучи Џими Хендрикс во изведба на биг бенд оркестарот на ЗЏМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Излезе нов трејлер за Andor, новата Star Wars серија

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за новата серија Partner Track на Netflix

Читај повеќе

Првиот сопруг на Џеј Ло откри интимни детали и порача: Бракот со Бен е осуден на пропаст

Читај повеќе