РОДЕН НА ДЕНЕШЕН ДЕН

Најмудрите зборови на Милан Младеновиќ што важат и денес

На денешен ден, 21 септември, во 1958 година, роден е Милан Младеновиќ, момчето од вода, фронтменот на најлегендарниот бенд од поранешна Југославија, „Екатерина Велика“.

Во ноември ќе се навршат 26 години од неговата прерана смрт, но неговото дело, музика и зборови се уште живи во срцата на неговите обожаватели, меѓу кои и млади луѓе кои не биле ни родени кога тој почина, но ја чувствуваат моќта на неговата уметност.

Осумдесеттите и девесеттите не беа толку романтичи времиња како што изгледа од денешна перспектива, особено во југословенските простори. Кога подобро ќе размислиме, нема деценија на Балканот за која може да се зборува и присетува со мир и спокој. На своја кожа тоа најдобро го почувствуваа уметниците од „новиот бран“, во кои спаѓаше Младеновиќ и неговите колеги од „ЕКВ“.

На денот на неговиот роденден, се потсетуваме на дел од неговите најмудри изјави, од кои дел, за жал, уште важат и денес.

За неговата уметност, тој велеше: „Никогаш не знам во кој правец ќе заминам. Доволувам емоциите да ме повлечат и со себе и просто да ме втурнат во некои нешта за кои претходно не сум размислувал.“

„Мојата музика е онолку мрачна колку што се темни случувањата околу нас. Ако ја погледнеш нашата политичка и економска ситуација, нема да видиш ниту едн зракче сонце. Во такви околности, јас не можам да пеам песни за веселење и потскокнување, бидејќи тоа не е во склад со мојата личност. Ако некому така му е полесно, тогаш нека ја класифицира мојата музика како темновиолетова“, зборуваше легендарниот музичар.

Во неговото последно интервју за неделникот Intervju, Младеновиќ на прашањето дали времињата се менуваат, по малку злокобно одговори:

„Времињата се менуваат, како не. Но, засега се менуваат на полошо!“, и се чини дека да беше жив денес исто би одговорил на ова прашање.

„Животот станува невозможен. Страшно е само што луѓето не се бунат за тоа. Секој се плаши да не изгуби некој основен минимум што сепак досега му беше загарантиран, а сега и тој минимум престанува да постои. Многу сум разочаран од луѓе кои дозволија да ги погребаат, и морално и човечки, дозволија пријателите да ги изневерат, тие да ги изневерат пријателите и браќата и сѐ живо и сето тоа да заврши во едно општо калиште. Денеска зборувавме за тоа како ти дојде тука и како јас ги видов децата кои еден час чекаа трамвај за да стигнат на училиште, а не го дочекаа. Сѐ ми наликува на чекање на некој трамвај што треба да се појави, а всушност треба да се направи нешто конкретно, така што е страшно сето тоа заедно: колку се луѓето неангажирани и колку е тој основен минимум поважен од човечкото достоинство кое е сѐ подлабоко во калта.“

Во интервју за TV Poster од 1992 година, Младеновиќ рече:

„За крај би кажал само дека во ниту еден случај не ми е жал што сите овие години ги потрошив на една толку несериозна работа како рокенролот и мислам дека почесно и поискрено не можев да ги потрошам тие години.“

Remote video URL
реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Пост на вода - рецепт за вкусни посни плескавици

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Музика

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Шакира: Ја ставив кариерата во мирување за Пике да може да игра фудбал

Read more

Најавени промени за Евровизија, организаторите сакаат да биде уште повозбудлива

Read more

Топ 10 најиритирачки песни на сите времиња

Read more
 

Сцена

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Читај повеќе
  • play_arrow

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Шакира: Ја ставив кариерата во мирување за Пике да може да игра фудбал

Читај повеќе

Оскаровците мора да почитуваат едно правило или Академијата би можела да ги тужи

Читај повеќе

Најавени промени за Евровизија, организаторите сакаат да биде уште повозбудлива

Читај повеќе
  • play_arrow

Чак Норис наполни 84 години - како изгледа денес?

Читај повеќе
  • play_arrow

Не сме ние стари, времето лета: 30 филмови што полнат 30 години во 2024

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе