Најнежната роботска рака во светот
Тим научници од Харвард разви роботска рака која делува многу нежно и е наменета за ловење чувствителни морски животни како медузи и слични морски суштества, кои подоцна неповредени се пуштаат назад во нивната природна животна средина.
Роботот е наречен RAD Sampler, едноставен е за ракување и евтин така што ќе биде идеална алатка за многубројни научни тимови кои го проучуваат морскиот подводен свет. Со целиот состав на роботската рака управува еден мотор, а во внатрешноста се наоѓаат камери и сензори кои овозможуваат собирање на различни информации за чувствителните водени животни.