Најочекувани филмски премиери во месец март

Откако ќе помине сезоната на филмови номинирани за Оскар, нѐ очекува возбудлив месец исполнет со филмски премиери. Март ни го носи новиот филм на Стивен Спилберг, „Ready Player One“, но освен овој, уште неколку од филмовите го заслужуваат вашето внимание.

Во март 2018 премиера ќе доживеат новите филмови на неколку познати имиња, меѓу кои Стивен Спилберг и Џенифер Лоренс, но за љубителите на франшизи ќе има и по некој нов дел од омилените филмски серијали.

 

„Red Sparrow“

Новиот филм на Џенифер Лоренс предизвика многу големо внимание уште неколку месеци пред неговата премиера. Што поради тематиката која ја обработува, но и поради самата Џенифер Лоренс, која е едно од најпрепознатливите лица во индустријата. Премиерата на „Red Sparrow“ е на 2 март.

 

„A Wrinkle in Time“

Оваа бајка е екранизација на истоимената книга, а во главните улоги во овој филм на студиото Disney се појавуваат Опра Винфри, Крис Пајн и Рис Витерспун. Неговата премиера е на 9 март.

 

„The Strangers: Prey at Night“

Точно 10 години подоцна добиваме продолжение на хорор филмот „The Strangers“, овојпат наречен „The Strangers: Prey at Night“. Фановите на хорор филмови се многу возбудени за ова продолжение, кое беше во најава неколку години пред конечно да биде снимено. Премиерата е на 9 март 2018.

 

„Тomb Raider“

За 16 март 2018 година е закажана премиерата на филмската екранизација на култната франшиза на игри, „Tomb Raider“. Ова е втор обид да се направи успешна филмска франшиза од оваа игра, откако во првиот обид во главната улога ја видовме Анџелина Џоли.

 

„Pacific Rim: Uprising“

Фановите на научна фантастика со нетрпени го чекаа продолжението на кино-хитот од 2013 година, „Pacific Rim“, филм зад чија приказна стои единствениот Гиљермо дел Торо. Овојпат во главната улога се појавува ѕвездата од новата „Star Wars“ трилогија, Џон Бојега. Неговата премиера е закажана за 23 март.

 

„Isle of Dogs“

Уште еден од филмовите за кој би требало да бидете поради неговиот режисер е „Isle of Dogs“, новиот авторски производ на Вес Андерсон. Овојпат секогаш оригиналниот режисер реши да раскаже приказна во која главните улоги се кучиња. Колку и да звучи чудно, Андерсон секогаш наоѓа начин да направи интересен филм. Неговата премиера е на 23 март.

 

„Ready Player One“

Еден од најголемите филмови најавени за оваа година, „Ready Player One“ е екранизација на истоимениот бестселер кој успеа да ги спои видеоигрите со поп-културата за да направи една занимлива приказна која набрзо стана препознатливо име во филмските кругови, поради што многу студија сакаа да ги откупат правата за негова екранизација. Стивен Спилберг е на режисерското столче, а премиерата на филмот е закажана за 30 март.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Филм & ТВ

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе

Бијонсе разголена за новиот албум

Читај повеќе