Најочигледниот знак дека ви треба повеќе витамин Д

Повеќето луѓе не добиваат доволно витамин Д. Анализа од 2018 година објавен во списанието Cureus покажа дека 41,6% од возрасните во САД имаат недостаток на овој важен витамин. Ова е прилично загрижувачки со оглед на тоа што витаминот Д игра толку важна улога во одржувањето на силни и здрави коски, а неговиот недостаток може да предизвика симптоми како што се мускулна слабост, болки во коските и промени во расположението.

Многу луѓе игнорираат еден од знаците дека не добиваат доволно од оваа хранлива материја. Според експертите, недостатокот на витамин Д може да го оштети нивото на енергија. Така, доколку забележите дека се чувствувате поуморно од вообичаено, без разлика колку сте спиеле, можеби виновникот е ниското ниво на витамин Д.

„Некои симптоми на недостаток на витамин Д често се мешаат со симптоми на други состојби. Хроничниот замор поврзан со недостаток на витамин Д може да се замени со замор поврзан со стареење или стрес. Олеснувањето што човекот го чувствува кога го подобрува нивото на витамин Д е изненадувачки“, објансува нутриционистката Триста Бест говорејќи за Eat This.

Неколку истражувања покажаа дека постои врска помеѓу ниските нивоа на витамин Д во крвта и заморот. Не само тоа, туку една студија од 2014 година објавена во северноамерикански весник за медицински науки покажа дека симптомите на замор значително се подобриле откако нивото на витамин Д кај пациентите било нормализирано со додатоци во исхраната. Друга студија од 2016 година покажа дека подобрувањето на резултатите од заморот на учесниците е директно поврзано со зголемувањето на нивото на витамин Д.

Препорачаниот додаток на витамин Д за повеќето возрасни е околу 600 меѓународни единици (IU). Витаминот Д може да се добие од храна (жолчки од јајце, масна риба, црвено месо и житарки) или едноставно со изложување на сонце.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе