Актерката Алексис Бледел е прогласена за најопасна славна личност на интернет, според онлајн истражување на компанијата McAfee. Нејзиното име најмногу се најде на интернет страници заразени со вируси.
На второто место е славниот водител Џејмс Корден, а потоа следат актерките Софи Тарнер, Ана Кендрик и Лупита Нјонг’о. Меѓу првите десет се и Џими Фалон, Џеки Чен, Лил Вејн, Ники Минаж и Теса Томпсон.
Истражувањето предупредува на опасноста на кликање сомнителни линкови и посета на сомнителни интернет страници.
Експертите велат дека Бледел веројатно се најде на врвот на листата поради нејзината улога во популарната серија „The Handmaid’s Tale“.