Интернет

Најплатени јутјубери за 2018 година: PewDiePie не е ниту меѓу првите пет

26. декември 2018 - 18:04 | К.З.

Покрај милионите фанови на нивните профили на социјалните мрежи, јутјуберите од поодамна имаат милиони и на нивните банкарски сметки. Иако им беа потребни неколку години за да стекнат вистинска популарност, сега тие се едни од најпознатите луѓе во светот и знаат како да го искористат тоа на финансиски план.

Сите знаат дека YouTube во последните неколку години стана многу популарна и профитабилна алатка за креаторите на содржина. Но, тоа не значи дека јутјуберите заработуваат само од оваа платформа.

Со исклучок на првопласираниот на листата јутјубери со најголема заработка, сите останати се во 20-тите и 30-тите години од животот, што значи дека се во возраст во која можат директно да одлучуваат за нивните постапки. Сите од нив имаат бренд со нивното име кој има носи голема заработка, независно од нивните видеа.

„Не би можел да правам YouTube видеа засекогаш, затоа морам да планирам за иднината“, вели популарниот јутјубер Markiplier.

Тој, како и голем дел од останатите на оваа листа, се наоѓа во YouTube сферата многу одамна и има голема публика која му овозможува да има луксузен живот дури и без надворешна заработка. Но, тоа не го спречува да бара заработка и во другите делови од животот.

10 – Логан Пол (14,5 милиони долари)

Да не постоеше неговиот бренд, Логан воопшто немаше да биде на оваа листа. По инцидентот кога објави видео во кое прикажуваше човек кој се самоубил, неговиот канал брзо почна да губи следачи и тој изгуби многу голема потенцијална заработка.

9 – PewDiePie (15,5 милиони)

Можеби и понатаму е најпопуларен јутјубер, но веќе од поодамна не заработува најмногу. Швеѓанецот Феликс Кјелберг. Цели 72,5 милиони следачи не се откажуваат од неговиот канал, иако тој често се наоѓа во неволја поради непромислените коментари кои ги дава во видеата.

8 – Jacksepticeye (16 милиони)

Ирецот Шон Меклафлин стана популарен со неговиот шаренолик и интересен коментар на видеоигри, и иако имаше неколку испади низ годините, остана да биде еден од најважните јутјубери за гејминг индустријата.

7 – Vanoss Gaming (17 милиони)

Канадскиот гејмер Еван Фонг е секогаш помеѓу првите кои ги играат најпопуларните видеоигри како „Call of Duty“ и „Assassin’s Creed“, а истовремено пробува да се пробие и како хип-хоп изведувач. Засега музиката не му носи голем приход, но YouTube видеата се покажуваат како неговата „златна кокошка“.

6 – Markiplier (17,5 милиони)

Горенаведениот Markiplier го поминува целиот ден пред неговиот PS4, но знае како да профитира од тоа. Тој потпиша голем број спонзорски договори, а од неодамна ја лансираше и Cloak – неговата колекција на облека.

5 – Џефри Стар (18 милиони)

Иако е познат уште од времето на MySpace, шминкерот Џефри Стар вистински почна да заработува кога се појави на YouTube. Оттогаш ја отвори неговата компанија Jeffree Star Cosmetics, која сега се проценува на преку 100 милиони долари.

4 – Dan TDM (18,5 милиони)

Минатата година Dan TDM имаше најголема заработка од сите јутјубери, додека оваа година мора да се задоволи со четвртото место. Сепак, не може многу да жали бидејќи сепак заработи два милиони повеќе отколку во минатата година.

3 – Dude Perfect (20 милиони)

Се работи за група спортисти (Коби, Кори, Герет, Коди и Тајлер) кои се специјализирани за изведување комплексни спортски (или спортско-инспирирани ) вештини, кои гледачите просто ги обожаваат. Поради нивната спортска позадина, тие многу лесно доаѓаат до спонзори и нивната вкупна заработка за 2018 година ги става на третото место на јутјубери со најголема заработка.

2 – Џејк Пол (21,5 милиони)

Помалиот брат на Логан Пол ужива во оваа година. Ниту тој самиот не знае зошто е толку популарен, но луѓето очигледно сакаат да го гледаат како постојано е во кавга со некого, или пак како рапува.

1 – Ryan ToysReview (22 милиони)

Рајан навидум е само обичен седумгодишник со пасија за играчки, но неговите родители го препознаа талентот на нивниот син и решија да заработат од него. Тој прави кратки рецензии на играчки, а неговиот канал има 17 милиони претплатници.

Коментирај