Килијан Марфи, најпопуларниот актер на денешницата, живее повлечено и не ја сака технологијата.
Актерот кого публиката го знае најмногу од серијата Peaky Blinders, а сега од наградуваниот филм номиниран за Оскар, Oppenheimer, не е од оние на кои славата им удрила во глава.
Тој живее во областа Монкстаун во Даблин со неговата сопруга Ивон Мекгинис, со која е во брак од 2004 година, и синовите Малахи и Арана. Тој во 2015 година купил куќа вредна два милиони долари, изградена во далечната 1863 година.
„Живеевме во Лондон 14 години, од средината на моите дваесетти до доцните триесетти. Беше возбудливо, тоа е одличен град. Не се преселивме во Даблин за да избегаме од филмската индустрија. Јас бев чисто мотивиран од тоа што сакав да се вратам дома во Ирска, да ги воспитувам децата како Ирци и да бидам блиску до нашите семејства“, рече Марфи.
Интересно е што во куќата нема интернет и не користи мобилен телефон.
Ема Томас, продуцентка на филмот Oppenheimer и сопруга на режисерот Кристофер Нолан, изјави дека Килијан е наједноставната личност што може да ја сретнете и воопшто не се потпира на употребата на технологија.
Се обидела да му се јави за да му каже дека ја добил главната улога во споменатиот филм, но не можела да го направи тоа, па морала да му дојде „пред врата“.
„Јас сум татко на двајца тинејџери. И јас бев млад, знам колку им е тешко на младите денес во општеството. Растењето е комплицирано, работите се менуваат многу брзо. Сите сме свесни за ефектите на интернетот. Ми се чини дека децата живеат внатре во овие уреди“, изјави тој.
Килијан неодамна објасни зошто не се фотографира со обожавателите. Сепак, тој зборува учтиво со секој човек што ќе му пријде.
„Кога почнав да го правам тоа, мојот живот се промени. Само мислам дека е подобро да се поздравам и малку да поразговарам. Ова им го кажувам на многу луѓе. Мој пријател, кој е актер, ми рече: ‘Се чувствувам многу лошо’, но не ви треба фотографија за да забележиш каде сè си бил во текот на денот“, рече тој.