Претставувањето на моделот iPhone 12 означи дека Apple доаѓа на пазарот со 5G телефони.
Може да се каже дека малку „задоцнија“, имајќи предвид дека првите 5G телефони се појавија уште во 2019 година, но се покажа дека тоа можеби не беше важно.
Според извештајот на Counterpoint Research, iPhone 12 е најпродаваниот 5G телефон во октомври.
Измерени беа податоците од јануари до октомври 2020 година и покрај тоа што iPhone 12 беше претставен подоцна од очекуваното (13 октомври), iPhone 12 сепак успеа да ги престигне ривалите за тој месец.
Имено, основниот модел на iPhone 12 имаше 16% удел на пазарот во октомври, додека iPhone 12 Pro имаше околу 8%.
Следува Samsung Galaxy Note 20 Ultra со удел од 4%, а интересно е што Huawei Nova 7 5G, телефон од средна класа, е на четвртото место.