Авто новости

Најпродаван спортски автомобил за 2017 година е Ford Mustang

17. април 2018 - 11:09 | М.Д.

Легендарниот американски автомобил моментално сѐ продава во 146 земји, а беше најпродаван спортски автомобил и во 2016 година.

Паралелно со прославата на 54 роденден на еден од најпознатите американски спортски автомобили, од Ford пристигна информација дека Mustang минатата година бил продаден во 125.809 примероци, што го прави најпродаваниот спортски автомобил за 2017 година.

Ford започна со продажба на Mustang на глобално ниво во 2015 година и од тогаш ширум светот беа пласирани околу 418.000 примероци.

Најпопуларната конфигурација се движи со помош на 5 литарски V8 мотор, а овој модел е најпродаван, логично, во Соединетите Американски Држави.

Актуелното издание на Mustang веќе не се нуди во комбинација со V6 мотор, а во понудата за Европскиот пазар останува 2,3 литарскиот четирицилиндарски турбобензинец EcoBoost и 5 литарскиот V8 мотор.

„Светот дефинитивно го сака Mustang, кој повеќе од 50 години на најдобар начин го претставува американскиот дизајн, перформанс и слобода, што најдобро го потврдува бројката на испорачани примероци“, изјави Ерик Меркл, еден од главните аналитичари на продажба во Ford.

Коментирај