Џина Стујарт важи за најсекси баба во светот, а неодамна откри како е можно да изгледа толку привлечно.

Со години работи како модел, се грижи за нејзиното тело, а секојдневно добива стотици прашања поврзани со нејзиниот изглед. Австралиската убавица има 52 години и три внучиња, а сега откри кои тајни се кријат зад нејзиниот младешки изглед.
„Ми се допаѓа како се чувствувам на овие години. Се обидувам да се грижам за себе на најдобар можен начин и уживам да споделувам совети за здравје на Instagram. Многумина бараат да ги споделам моите тајни, совети и трикови за младешкиот изглед“, вели Џина која јаде само органска храна и се обидува колку што може да избегнува храна со адитиви.
„Верувам дека со стареењето сите се менуваме поради животните искуства. Животот може да нѐ оптовари. Мислам дека практикувањето дисциплиниран позитивен ментален пристап навистина помогна да се носам со тоа“, признава Џина која првото дете го родила на 19-годишна возраст.
„Моите деца растат и нестварно е да се биде баба. Сите деца ги израснав и горда сум на нив. Спремна сум за следните 20 години. Знам дека тоа ќе биде предизвик бидејќи сите со текот на времето старееме, но знам дека сите можеме да одиме низ животот колку што можеме поздрави и физички посилни како најдобрата верзија од себе. Потребно е само знаење, труд и посветеност, се надевам дека ќе ги инспирирам луѓето токму тоа да го прават“, вели Џина.
Таа смета дека грижата за себе е еден од најголемите предизвици и на крајот ќе се исплати со додавање уште некоја година на вашиот живот.
Џина кожата ја негува со кокосово масло кое важи одлично за хидратација на кожата како и за намалување на воспаленија.
„Религиозно нанесувам кокосово масло на кожата од глава до пети секој пат по туширање, уште од 19 години. Цврсто верувам дека тоа помогна мојата кожа да изгледа младешки. Кожата впива сѐ што ќе нанесете, па мислам дека не е добро да користите лосиони кои се полни со хемикалии. Кокосовото масло е природно и одлична алтернатива за лосион“, советува најсекси бабата во светот.