Најшокантните елиминации во историјата на Светското првенство

Овие триесетина дена главна тема во светот на спортот, па и општо, е Светското првенство. Актуелниот светски шампион Германија нема да добие шанса да се бори за титулата повторно бидејќи спектакуларно испадна уште во фазата по групи. Таа сепак не е првата шампионска репрезентација која прерано испадна од едно СП.

Од Франција во 2002, преку Бразил во 1966 па до Италија во 2010, големите светски репрезентации неретко беа посрамени на најголемата светска сцена со испаѓање од Мундијалите.

Германија 2018

Почнуваме од најсвежото сеќавање, кое се случи пред помалку од една недела. Германската репрезентација влезе на Светското првенство самоуверена и опуштена, како веќе да им е загарантиран уште еден трофеј во кабинетот. Но, останатите репрезентации од групата не го мислеа тоа и по почетниот пораз од Мексико собраа храброст да се спротивстават на моќната Германија. Тони Крос за момент ја врати надежта на Германците, за епското разочарување да се случи во последното коло, кога германската репрезентација загуби од Јужна Кореја со 2:0. Дел поради очекувањата пред првенството, дел поради слабата група, Германија успеа да ги разочара фудбалските фанови со нивниот излез уште во групната фаза.

Бразил 1966

Претходно двапати по ред го освојуваше Светското првенство, па од Бразил се очекуваше добра претстава и во 1966, кога домаќин беше Англија. Наместо тоа, останатите репрезентации решија да спремат план за игра против Пеле и на секој натпревар кон него се играше грубо и цврсто, не дозволувајќи му да прави дриблинзи. Тие беа елиминирани од групата со двата порази од Португалија и Унгарија, а Пеле тогаш се закани дека поради грубоста на противниците тој никогаш повеќе нема да настапи на Светско првенство. Излажа.

Италија 2010

Марчело Липи се врати на селекторската позиција за Мундијалот во 2010 година и „азурите“ се надеваа дека со него повторно ќе можат да излезат како победници на првенството. Ниту лесната група составена од Парагвај, Нов Зеланд и Словачка не успеа да ги мотивира Италијанците да играат на доволно високо ниво, па по двата нерешени натпревари против Нов Зеланд и Парагвај, тие изгубија од Словачка со 3:2 за да испаднат од групната фаза во Јужна Африка. Колосален неуспех кој во последните неколку години и не е така нетипичен за Италија.

Шпанија 2014

Шпанците во 2014 беа најжешката репрезентација во светот. Имаа доминација над светскиот фудбал која траеше веќе 6 години и во тој период освоија две Европски и едно Светско првенство, па затоа никој не очекуваше дека ќе имаат мака со излез од групната фаза. Но, поразот од Холандија со 5:1 како да наговести дека Шпанија прерано ќе го заврши Мундијалот. Поразот од Чиле само го потврди тоа и Шпанците предводени од Икер Касиљас, Давид Силва и Иниеста си ги спакуваа куферите и го фатија првиот авион кон Мадрид.

Колумбија 1994

Пред да започне првенството во САД, Колумбија беа во низа од 30 натпревари без пораз и тоа ги смести во категоријата „фаворити од сенка“ на Мундијалот. Тие дури имаа и огромни шанси за прогрес бидејќи надвор од групната фаза продолжуваа три од четирите репрезентации од групата. Во група со Романија, САД и Швајцарија, никој не се надеваше дека Колумбија би можела да биде онаа која ќе киксне и ќе се врати дома најбрзо. Сепак, Колумбијците изгубија два од трите натпревари и го напуштија Мундијалот како огромни губитници.

Ова се само пет од најшокантните елиминации на големите репрезентации од Светските првенства досега, но има уште многу кои можеа да се најдат на оваа листа. Кој е вашиот избор?

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе