Најскапата сообраќајка: Швајцарци направиле штета од 7,4 милиони евра

Вкупната штета на суперспортските автомобили достигна неверојатни 7,4 милиони евра.

На планински премин во австриско-швајцарската погранична област се случила сообраќајна незгода во која е направена неверојатна штета од 7,4 милиони евра. Учествувале 4 суперлуксузни автомобили, чии сопственици се Швајцарци.

Инцидентот се случил на 10 ноември во Пфундс кога LaFerrari вредно 4,9 милиони евра, второ во колоната, ненадејно закочило во тесен свиок. Според информациите, во несреќата нема повредени.

Ferrari Superfast, вреден околу еден милион евра, што го следел, бил премногу блиску, а сончевата светлина го заслепила возачот, поради што не ги забележал сигналните светла.

Ова резултирало со силен удар во задниот дел на LaFerrari, што предизвикало верижна реакција која го оштетила McLaren-от кој се движел пред него. Потоа Bentley, од крајот на колоната, удрил во групата автомобили и го турнал McLaren-от до камениот ѕид, пишува магазинот Fenix.

Вкупната штета на овие суперспортски автомобили достигна вртоглави 7,4 милиони евра. Возачите, кои се на возраст меѓу 40 и 52 години, според локалната полиција, биле крајно засрамени и молеле случајот да не излезе во јавноста.

реклама

Живот

Денес е најдепресивниот ден во годината: Зошто овој понеделник е критичен?

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Само една урма секое утро може да има исклучително корисен ефект врз телото

Read more

Зошто не е препорачливо да ги ставате чашите наопаку по миење?

Read more
 

Магазин

Денес е најдепресивниот ден во годината: Зошто овој понеделник е критичен?

Читај повеќе

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Читај повеќе

Најдобриот вид чај за регулирање на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Како јадењето премногу здрава храна може да го попречи слабеењето?

Читај повеќе

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Читај повеќе

Храна што предизвикува проблеми со варењето

Читај повеќе

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Читај повеќе

Само една урма секое утро може да има исклучително корисен ефект врз телото

Читај повеќе