Живот

Најскапи и најмоќни пасоши во 2018 година

23. февруари 2018 - 13:15 | А.С.

За луѓето родени на Запад, во развиените земји, патувањето во странство никогаш не им претставувало проблем. Меѓутоа, на многу луѓе во неразвиените земји им треба виза за да влезат во други земји.

Јапонија и Сингапур го делат првото место како земји со најмоќен пасош на светот за 2018 година - нивните жители може да посетат 180 земји без виза, а Сирија ја преводи листата на земји чии пасоши се најскапи.

Годишното рангирање го прави компанијата „Henley & Partners“, врз основа на тоа колку држави може да посети сопственикот на пасошот без да треба да извади виза.

Второто место ѝ припадна на Германија (179 земји), а третото место со 178 земји го делат Франција, Италија, Шпанија, Данска, Финска, Шведска и Јужна Кореја.

Македонија го дели 47. место со Колумбија и Црна Гора – Македонците, Колумбијците и Црногорците може без виза да патуваат во 112 земји.

Процедурата на вадење сириски пасош порано ги чинеше граѓаните само 11 американски долари, а денес сирискиот пасош се смета за еден од најскапите, со оглед на тоа дека гражаните треба да искешираат дури 500 долари за да го обноват документот ако се надвор од земјата или во конзулат во странство, а во итни случаи, издавањето пасош во Сирија чини 800 долари.

Следен најскап пасош е австралискиот. Цената му скокна од 5 на 282 долари, според „New Daily Magazine“.

Пасош на кој најмногу му одговара цената на трошоците за негово вадење е германскиот – за 120 долари Германците добиваат пасош со кој без проблем може да влезат во 179 земји.

Најевтиниот пасош на светот дефинитивно е тунискиот кој го зазеде 72. место на листата најмоќни пасоши, што значи дека жителите на Тунис може да влезат без виза во 66 земји со пасошот што чини 25 долари.

На листата најскапи пасоши се најдоа и Турција (255,66 долари), Швајцарија (182 долари), Нов Зеланд (168 долари), Канада (161 долар), САД (155 долари), Велика Британија (149,50 долари) и Сингапур (78,50 долари).

Коментирај