Најскапиот играч на Баерн доби понуда да си одбере затвор заради бизарна казна

Фудбалерот на Баерн, Лукас Ернандес, до 19 октомври мора да го реши проблемот со судот во Мадрид, кој нареди поранешниот играч на Атлетико да одбере затвор за издржување на затворската казна.

Ернандез доби повик доброволно да ја отслужи затворската казна, откако беше осуден во декември 2019 година за прекршување на забраната за приближување кон својата партнерка Амелија Оса Љоренте.

Позадината на оваа приказна е потполно бизарна и неверојатна. Имено, на Лукас и Амелија не им беше дозволено да се гледаат шест месеци откако Французинот беше прогласен за виновен за семејно насилство по една расправија во 2017 година.

И двајцата беа казнети со општокорисна работа, а не им беше дозволено да се приближуваат еден до друг на помалку од 500 метри.

Меѓутоа, во јуни истата година, четири месеци по изрекувањето на казните и забраните, младиот француски фудбалер и Амелија Оса Љоренте се венчаа во Лас Вегас и отпатуваа на меден месец на Бахамите.

Кога се вратија во Мадрид, беа задржани на аеродром, а Лукас ноќта ја помина во притвор. Обвинителството потоа побара да биде осуден на една година затвор за прекршување на мерката забрана за доближување.

Адвокатите на Лукас побараа казната да се замени со општокорисна работа, но жалбата беше одбиена бидејќи Лукас веќе ја прекршил првобитно изречената казна.

Сега на Ернандес му е наредено да ја отслужи затворската казна, не поради расправија со неговата сегашна сопруга, туку затоа што не ја изврши судската наредба. Одбраната на Лукас поднесе жалба и Покраинскиот суд во Мадрид ќе ја разгледа на 19 октомври.

Иако веројатно нема да мора да оди во затвор, приказната се развлече години откако започна и Ернандес никогаш не успеа да се справи со последиците од неговите постапки.

Да потсетиме, Ернандес пристигна во Баерн во 2019 година кога германскиот клуб ја плати откупната клаузула на мадридски Атлетико, која изнесуваше 85 милиони евра, што го направи најскапото засилување на баварскиот клуб на сите времиња.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе