Најскапите градежни проекти во историјата на човештвото

Најамбициозните градежни проекти сигурно не се многу евтини.​

Од колосални брани до гигантски аеродроми и брзи железнички, ги претставуваме најскапите архитектонски чуда на сите времиња.

10. Коридор Делхи – Мумбај, Индија – 90 милијарди долари

Најамбициозниот градежен потфат во Индија, индустрискиот коридор Делхи – Мумбаи ќе опфати 24 индустриски региони, осум паметни градови, два аеродрома, пет електрани, два големи системи на брзи железнички и два логистички јазли. Првата фаа од овој проект вреден 90 милијарди долари – теретен коридор кој ги поврзува Делхи и Мумбај, ќе биде завршена до 2019 година.

9. Економски град на кралот Абдулах, Саудиска Арабија – 100 милијарди долари

Наречен по покојниот крал Абдулах, овој нов саудиски град ќе биде поголем од Вашингтон. Кога неговата изградба ќе се заврши во 2020 година ќе покрива 173 квадратни километри и ќе има индустриска област, станбен дел и пристаниште, а проектот чини 100 милијарди долари.

8. Казарски острови, Азербејџан – 100 милијарди долари

Оваа метропола иградена од 41 вештачки градови се прави во близина на Баку и Азербејџан. Градот вреден 100 милијарди долари би требало да биде завршен во 2025 година. Ќе има работна станбена област, над стотици училишта, трговски центри и неколку универзитети. Ќе има и стаза за Формула 1 и повеќе од милион жители.

7. Шумски град, Малезија – 100 милијарди долари

Заедничкиот проект на Кина и Малезија Шумски град ќе се наоѓа во близина на Сингапур и неговата изградба би требало да биде завршена до 2040 година. Наречен „рајски сон“, овој еколошки град ќе има згради потполно покриени со зеленило, урбани шуми и животен простор за 700.00 луѓе.

6. Големата џамија во Мека, Саудиска Арабија – 100 милијарди долари

Најголемата џамија и најсветлото место на Исламот Масдџид ал – Харам може да прими четири милиони луѓе. Се проценува дека изградбата на оваа огромна градба чинела околу 100 милијарди долари.

5. Кашаган платформа, Казахстан – 124 милијарди долари

Подигањето на оваа нафтна платформа во Каспиското море во Казахстан е започнато уште од 2001 година, но производтството на нафта не било започнато до 2013 година. Во еден од најпредизвикувачките и најскапите проекти на сите времиња се извлекува нафта во плитки води, кои замрзнуваат во текот на зимата.

4. Меѓународната вселенска станица – 155 милијарди долари

Најскапиот објект изграден од човечка рака е Меѓународната вселенска станица, која е на ноќно небо видлива и од Венера. Станува збор за заеднички проект на американска НАСА, рускиот Роскосмос, јапонската JAXA, европската ESA и канадската CSA.

3. Железнички залив, земјата на Персискиот залив – 250 милијарди долари

Железничкиот залив ќе ги поврзи сите шест членки на Советот за соработка на заливски земји (GCC) во Персискиот залив и ќе биде долг повеќе од 2.200 километри.

2. Обнова на урбан проект – Турција - 400 милијарди долари

Турската инфраструктура нема заштита од земјотреси и затоа ќе помине преку голем проект на обновување во следните 20 години. Владата веќе издвојува буџет од 20 милијарди долари за да демолира повеќе од 7 милиони рушевини и да ги замени со градби отпорни од земјотрес. Тоа ќе биде најголемиот обновен урбан проект на сите времиња.

1. Американски систем на авто – патишта -  516 милијарди долари

Изградбата на систем на авто – патишта кој ги поврзува сите американски држави започнал во јуни 1959 година и сега се протега на повеќе од 77.000 километри.

Ова е најскапиот мегапроект на сите времиња.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Живот

Како да препознаете патолошки лажго?

Read more

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Read more

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more
 

Магазин

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе