Најскапото засилување на Ливерпул: Не го разбирам Клоп што кажува

Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњес летоска дојде како огромно засилување на „Енфилд“, а сега откри еден необичен факт - ништо не го разбира својот тренер.

Ливерпул синоќа го победи шкотски Ренџерс со 2:0 во 3. коло од Лигата на шампионите, а Нуњес играше до 80-тата минута. Не се запиша во листата на стрелци, ниту пак асистираше.

„Искрено, јас ништо не разбирам од тоа што ни го кажува за време на подготовките за натпреварите или на полувремињата. Откако ќе заврши со говорот ги прашувам соиграчите што изнакажал“, изјави Нуњес и ги шокираше навивачите на „Црвените“.

Уругваецот од 2019 година е на Стариот континент, но настапуваше во земји каде или се говори шпански, или сродниот португалски, односно за шпанска Алмерија и португалска Бенфика. Прв пат е стациониран во земја каде прв јазик е англискиот, па ништо чудно причината за неговото неразбирање на Јирген Клоп да е неговото слабо познавање на англискиот јазик, а како капак доаѓа и фактот што Клоп зборува чуден англиски со германски нагласок.

„Сепак, мислам дека е доста јасен во она што го кажува. Бара од нас да работиме едноставни работи, да не се плашиме да играме, да бидеме самоуверени. И кога ќе ја изгубиме топката да тргнеме во пресинг. Тоа секогаш го бара од нас“, додаде Дарвин кој во Ливеррпул сезонава постигна само 2 гола. Во двете сезони кои ги мина во Бенфика на 87 натпревари постигна 48 голови.

Ливерпул на Бенфика за неговите услуги ѝ искешира 75 милиони евра, а уште 25 милиони ќе ѝ ги исплаќа во делови како што ќе исполнуваат одредени услови согласно потпишаниот договор.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе