Најсмешниот виц во светот, научно докажано

Иако Светскиот ден на шегата се слави на 1 април, датум кој помина пред три месеци, никогаш е на одмет да слушнеме добра шега и срдечно да се смееме.

Сега се знае која шега, според научниците, е најсмешната во светот.

Научниците го искористија своето знаење и стекнатите докторати за официјално да откријат која е најсмешната шега во светот.

Откривањето на тој виц сушност се заснова на студија спроведена во 2001 година. Психологот д-р Ричард Вајсман го започна истражувањето преку веб-страницата LaughLab, каде што во текот на една година, 1,5 милиони луѓе ширум светот оценија пет случајно избрани шеги од базата на податоци од над 40.000.

Судејќи според резултатите, оваа шега ја освои титулата за најсмешна.

Двајца ловџии шетаат низ шумата кога едниот од нив одеднаш се онесвестува. Изгледа како да не дише и очите му се застаклени. Другиот изненаден го зема телефонот и вика брза помош. „Другарот ми е мртов! Што да правам?“, панично ги прашал лекарите. Операторот му рекол: „Смири се, ќе ти помогнеме. Прво, да се увериме дека е мртов“. Настанува тишина, а потоа одекнува истрел. Потоа се слуша гласот на ловецот кој вика помош: „Добро, што е следно?“.

Шегата, за која сме сигурни дека сте ја слушнале барем еднаш, можеби нема да биде смешна кога ќе ја прочитате во себе, но Вајсман објасни дека е најдобра поради нејзината „универзална привлечност“.

„Многу невкусни шеги добија повисоки оценки, но оваа беше универзална. Ние ги сметаме шегите за смешни поради многу различни причини. Тие понекогаш прават да се чувствуваме супериорни во однос на другите, го намалуваат емоционалното влијание на ситуациите кои предизвикуваат анксиозност или не изненадуваат поради некој вид на недоследност. Шегата за ловците ги има сите три елементи“, објасни тој за The Guardian.

Инаку, пред неколку години The Guardian објави листа на најдобрите шеги во светот, а на листата се најдоа шеги од Германија, Јапонија, Бразил, Норвешка, Данска, Шведска, Финска, Унгарија, Шпанија, Мексико, Македонија, Франција и други.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе