Ова ќе биде прв Божик за првата дама на САД Меланија Трамп во Белата куќа. Сигурно, сакала да остави впечаток што нема да се заборави со нејзината ангажираност во декорирањето на претседателската резиденција за празниците.
Нејзиниот избор не ги одушеви корисниците на социјалните мрежи кои не се штедеа во споредбите на украсениот ходник на Белата куќа со разни сцени од хорор филмови и со досетки за мрачната атмосфера што „соодветствува со состојбата во САД“.