Најсмртоносен рак за жените: Тешко се открива, не ги игнорирајте симптомите

Денеска ширум светот се одбележува Денот за борба против ракот на јајници, најсмртоносниот вид рак за жените.

Во светот годишно се регистрирани 250.000 нови случаи на заболени од рак на јајници, а 140.000 жени ја губат битката со оваа подмолна болест.

Во Македонија инциденцата за карцином на јајници изнесува 6,3 % или 12,8 случаи на 100.000 жители, додека морталитетот изнесува 8,7% или 5,4 случаи на 100.000 жители (Globocan 2008).

Само 50% од жените кои се дијагностицирани со рак на јајник, ќе преживеат пет години по првичната дијагноза. Ова се должи на фактот дека ракот најчесто се дијагностицира во напредна фаза. Со раното откривање, сепак, опстанокот на пет години по дијагнозата може да биде 95%.

Ризична група и симптоми

Ракот на јајници може да се развие во било која возраст, но е поверојатно да се појави кај жени кои се на 50 години или постари. Повеќе од половина од случаите се кај жените кои се на возраст на 65 години и постари.

Индустријализираните земји имаат највисока инциденца за рак на јајник. Жените со бела кожа се изложени на малку поголем ризик; афро-американските и азиските жени се изложени на помал ризик.

Ризикот за развој на болеста се зголемува со возраста. Ракот на јајници е петти најчест рак кај жените во САД и вториот најчест гинеколошки рак. Тоа се 4% од сите случаи на рак кај жените. Меѓутоа, поради слабото рано откривање, стапката на смртност за рак на јајници е повисока отколку за кој било друг рак кај жените.

Ова се некои од симптомите:

Отекување на стомакот

Нагло и необјасниво зголемување или намалување на телесната тежина

Болка во пределот на карлицата

Чувство на притисок во стомакот

Чувство на ситост веднаш откако ќе почнете со јадење

Често и нагло мокрење

Болка за време на сексуален однос

Опстипација (запек)

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе