ТАМУ КАДЕ ПРИРОДАТА Е НАЈГОЛЕМ ЧОВЕКОВ НЕПРИЈАТЕЛ

Најсмртоносните места на планетата Земја

Светот е полн со опасности што демнат во природата, од вулкани до поплави и бури, но од сите опасни зони на Земјата, кои се најсмртоносните? На кои места на планетата човечкиот живот е најзагрозен?

Водата, воздухот, огнот и земјата се елементите без кои не би можеле да го замислиме животот. Сепак, тие можат да бидат безмилосни и да го загрозат човечкиот живот. Ви ги претставуваме најопасните места ширум светот:

Вода

Морскиот теснец Салтстраумен во Норвешка се здоби со репутација како страшно поради најсилната струја на Земјата и претставува еден од најмоќните вртлози во светот.

Remote video URL

На Малдивите, група ниски острови и атоли во Индискиот Океан беа наречени „транзитни острови“, бидејќи се склони кон зголемување на нивото на морето. Ризикот се зголемува секоја година, бидејќи нашата клима продолжува да се менува. Секако, најопасно е кога нивото на водата одеднаш почнува да расте за време на цунами и бури.

Дури 71% од цунамијата се случуваат во Тихиот Океан. Но, најопасното цунами во поновата историја се случи во 2004 година откако земјотрес го потресе брегот на Суматра во Индонезија. Индискиот Океан, каде што цунамито однесе околу 280.000 животи во 15 различни земји. Иако податоците за бројот на загинати се екстремно високи, ќе ве изненади фактот што повеќе луѓе го загубија животот во поплави на реките.

Поплавата на кинеската река Јангцекјанг во 1931 година уби милиони луѓе, иако официјалните бројки ги намалуваат загубите.

Воздух

Езерото Њос во Камерун и езерото Киву на границата меѓу Конго ДР и Руанда се нарекуваат и езера убијци. Тие се наоѓаат во области со вулканска активност каде што јаглерод диоксидот еруптира од дното на езерото, а со тоа и вулканските ерупции експлодираат од дното на езерото и формираат облак. При две ерупции во 1980 година, повеќе од 1.700 луѓе и 3.500 животни (претежно говеда) беа убиени во Камерун.

Жртви на езерото Њос

Сепак, не се само гасовите оние кои можат да убијат. 'Ртот Денисон на Антарктикот е најветровитото место на Земјата, а сезонските бури предизвикуваат пустош во населените области низ целиот свет. Најсилните бури се околу топлите океани северно и јужно од екваторот. Тука, ветровите се засилуваат со промена на притисокот, а тоа води кон ротирачкиот Кориолисов ефект, што резултира со урагани, циклони и тајфуни. Кога станува збор за такви бури, Хаити се смета за најзагрозен остров на Карибите.

Светските извештаи за ризиците од природни катастрофи на Универзитетот на Обединетите нации направија листа на земји кои се најзагрозени од природни катастрофи, со оглед на нивната изложеност и (не)издржливост. Вануату, островска држава во Јужниот Пацифик, е на врвот на листата.

Земја

Ако постои нешто што ги поврзува најсмртоносните дестинации во светот, тоа е тектонска активност. Земјината кора се состои од подвижни плочи кои се движат, а потенцијалната енергија што се создава меѓу нив минува низ пукнатините на земјата и создава сеизмички бран што ја тресе површината на Земјата со насилни потреси.

Осум од десетте највулкански загрозени градови во светот се наоѓаат на Филипините. Најсмртоносниот земјотрес е регистриран во 1556 година во Шенси (Кина), а проценката за бројот на жртвите изнесува над 800.000.

Градовите склони на земјотрес, како Лос Анџелес и Токио, ги користат најновите архитектонски достигнувања за да ги заштитат своите граѓани и згради. Според листата на природни опасности, осумте најзагрозени градови се наоѓаат на Филипините, кои лежат не само на појасот на огнот, туку и во областа на тајфунот.

Оган

Тектонските поместувања создаваат вулканска активност. Повеќе од 200.000 луѓе загинале како резултат на вулкански ерупции во последните 400 години. За „најжестоко место на Земјата“ се смета Афарската депресија во Етиопија, која можебе ја има и најголема вулканска активност во светот. Просечната годишна температура овде наводно е 34,4°C, што го прави едно од најтоплите места на Земјата. Меѓународен тим експерти изјави дека и Индонезија е на самиот врв со најголем ризик од вулканска активност.

Вулканот Тамбора на островот Сумбава во Индонезија, убил 70.000 луѓе во 1815 година. Ерупцијата предизвика климатски аномалии во 1816 година, поради што таа година беше наречена година без лето. Тоа била една од најголемите вулкански ерупции во поновата историја. Променетата клима доведе и до глад и појава на разни болести кои одземаа човечки животи.

Вулканот Тамбора

Вулканот Мерапи на Јава, Индонезија, уби околу 350 луѓе во 2010 година, но десетици илјади луѓе беа спасени со навремена евакуација.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе