„Најсреќниот човек на светот“ е македонски кандидат за Оскар 

Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона Стругар Митевска е годинaшниот македонски кандидат за наградата Оскар во категоријата Најдобар долгометражен интернационален филм.

Одлуката денеска ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав на Игор Иванов, режисер и претседател на Комисијата, Бранко Петровски, продуцент, Марија Димитрова, продуцент, Куштрим Бектеши, режисер, Милка Анчевска, кастинг директор, Милан Тоциновски, монтажер, Сандра Чевреска, сценограф и Валдета Исмаили, актерка.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески, „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски и „Мими“ во режија на Даријан Пејовски.

Членовите на Комисијата, според Статутот на Друштвото на филмските работници на Македонија ги избира претседателот на друштвото Игор Иванов, а изборот на членови го одобрува Американската Академија за филмска уметност и наука.

Во Комисијата, како што наведуваат во соопштение, е дозволено да членуваат филмски професионалци кои се активно вклучени во производство на филмови како што се режисери, актери, монтажери, филмски композитори, сценографи и други филмски работници. Според AMPAS, членови на Комисијата не можат да бидат професионалци кои немаат директно учество во производството на филм, како што се филмски критичари и други професионалци.

Друштвото на филмските работници на Македонија е задолжено за избор на македонскиот кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” од самото осамостојување на државата, кога од Американската Академија за подвижни слики (AMPAS) беше препознаено како единствена релевантна институција за комуникација, селекција и кандидатура на македонски претставник за наградата.

Церемонијата за доделување на Оскарите ќе се одржи на 12 март 2023 година, во Dolby Theatre, Лос Анџелес. 

Remote video URL
Тагови
реклама

Ослиќ – како влијае на организмот најпопуларната славска риба?

Read more

5 хороскопски парови кои ќе се заљубат во 2024 година

Read more

Добитник на лото се откажа од 37 милиони евра, причината е потресна

Read more

Прашање за ракија на британскиот „Милионер“ што само мама знае да го одговори

Read more

Филм & ТВ

Netlix ја најави втората сезона на реалното шоу Squid Game

Read more

Николас Кејџ се збогува со филмската кариера: Кажав сè што имав да кажам

Read more

Анџелина Џоли повторно ќе биде Maleficent

Read more

Кои се најдобрите филмови и серии за 2023 година според IMDb?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netlix ја најави втората сезона на реалното шоу Squid Game

Читај повеќе

Раперот Пи Диди е обвинет за групно силување на 17-годишна тинејџерка

Читај повеќе
  • play_arrow

Николас Кејџ се збогува со филмската кариера: Кажав сè што имав да кажам

Читај повеќе

Анџелина Џоли повторно ќе биде Maleficent

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се најдобрите филмови и серии за 2023 година според IMDb?

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со Fast X

Читај повеќе

Избрани најдобрите серии на Netflix во 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучи Меколи Калкин на 43 години?

Читај повеќе