Желката Џонатан наполни најмалку 190 години.

Од 19 век, Џонатан живее во градината на резиденцијата на гувернерот на Света Елена, британски протекторат во Западна Африка. Иако нема податоци за неговото раѓање, се верува дека Џонатан е роден околу 1832 година.
Во текот на неговиот живот, во Велика Британија се сменија осум монарси, а во Америка четириесет претседатели.
„За нас Џонатан е симбол на опстанок и упорност“, вели ветеринарот Џо Холинс. „Иако Џонатан не знае за тоа, за време на неговиот живот се појавија и паѓаа империи, болести доаѓаа и исчезнаа, започнаа и завршија војни низ светот“, вели Холинс.
Желката била подарок на Вилијам Греј-Вилсон, гувернер на островот од 1890 до 1897 година. Оттогаш се смениле над 30 гувернери, а Џонатан сè уште живее во раскошната градина на резиденцијата.
Според Гинисовата книга на рекорди, Џонатан е стар најмалку 190 години.