„Најстари приказни“ нова книга од Томислав Османли

„Најстари приказни“ е нова книга на Томислав Османли во издание на „Либи“ (дел од „Арс Ламина публикации“), која содржи митови од архајскиот период на медитеранските култури, наративи дојдени преку грчката култура и писменост или создадени во неа.

Според авторот Османли, раскажувањето на најстарите приказни од мугрите на западната цивилизација појавени на нејзините источни хоризонти, започнува со митот за подемот и за пропаста на митскиот континент Атлантида, за војната меѓу титаните и олимписките богови, како и со богатиот сказ за Прометеј, таткото на човечкиот род и покровителот на човештвото, сурово казнет од боговите токму поради своето човекољубие.

– Тоа се сугестивно, економично и едновремено прецизно, со многу податоци, ликови на митски херои и перипетии, прераскажани најстарите приказни на западната цивилизација. Книгата продолжува со повестите за чудесното раѓање на Херакле и за неговите дванаесет подвизи, потоа за пловидбата на аргонавтите и нивната потрага по волшебното златно руно, митот за Персеј, застрашувачката горгона Медуза, величествениот коњ Пегаз и за спасувањето на принцезата Андромеда, како и други архаични митолошки сказни… Во оваа книга спаѓаат и прераскажувањата на наративите на Хомеровите епови „Илијада“ и „Одисеја“, наведува авторот, чија цел е на јасен и автентичен начин на младите читатели да и им ги доближи најстарите приказни на западната цивилизација.

Книгата вклучува и речник на помалку познати зборови наменет за младите читатели, а ја носи и ознаката „Лесно читливо!“, што е препорака на Здружението за дислексија „Ајншајн“ и на Филозофскиот факултет од Скопје.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе