Најстудено во Скопје-Петровец и Берово

Скопје, 3 декември 2018 (МИА) – Најниска температура во Македонија изутрина во седум часот е измерена во Скопје-Петровец и во Берово,  каде се регистрирани – 6 степени.

Потоа следат со -5 Струмица, – 4 Тетово, Битола, Куманово и Демир Капија, -3 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка и Штип, -2 Маврово, Лазарополе, Прилеп и Гевгелија, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Изутринава времето е ведро и студено со мала до умерена локална облачност. Во Демир Капија има густа магла со хоризонтална видливост од 50 до 100 метри, а слаба магла има во Скопската и Струмичката котлина. Во повисоките места дува слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени. Во Скопје, претпладне ќе има појава на слаба магла, преку денот сончево со мала облачност. Температурата ќе достигне до 7 степени.

УХМР најавува дека во текот на работната недела времето ќе биде претежно стабилно со појава на утринска магла по одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во текот на ноќта кон среда и во среда во утринските часови. Пообилни врнежи се очекуваат од сабота кон крајот на денот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе