Најстудено во Тетово со -18, најмногу снег во Маврови Анови

Скопје, 13 јануари 2019 (МИА) – Минус 18 степени се измерени изутрина во Тетово,  што е најниска температура во целата држава, по што следат со минус 15 Битола и Дебар, Струмица и Маврово со минус 14, Крушево и Берово со минис 13, Штип и Скопје Петровец со минус 11. Минус 10 степени се измерени во  Охрид, Демир Капија и Крива Паланка, а минус девет во Скопје на Зајчев Рид, Претор и Пожаране, минис пет во Куманово, минус четири во Дојран, минус два во Гевгелија, покажува извештајот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Наjмногу снег има во Маврови Анови, со снежна покривка од 81 сантиметар, Пoжаране 45 сантиметри, Дебар и Лазарополе со 44, а 39 снатиметри во Ктрушево и на Попова Шапка.

Според УХМР,  во претпладневните часови преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе се задржи магливо и значително постудено. Преку денот облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од -4 до 3 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе биде околу 1 степен. Утре во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Поизразени ќе бидат на повисоките места и на планините.

Потоа ќе преовладува променливо време со сончеви периоди и со услови за слаб локален снег.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе