Тензична ситуација

Најубавата мажена жена во Шри Ланка за малку ќе останеше без круна

Победничката на натпреварот за најубава мажена жена во Шри Ланка остана без круна бидејќи наводно била разведена, што не е според условите за учество во натпреварот.

Пушпика Де Силва ја доби титулата за најубава мажена жена во Шри Ланка, но нејзината радост траеше кратко време. Неколку минути по крунисувањето, победничката од 2020 година, Каролин Јури ја зеде круната тврдејќи таа не може да биде наградена со титулата бидејќи е разведена.

Сепак, од организаторите е потврдено дека госпоѓа Де Силва не е разведена. Судиите ја прогласија Де Силва за победник во финалето на натпреварот.

„Постои правило кое ги спречува жените кои биле мажени, па разведени да ја добијат наградата, па затоа круната ќе замине кај жената која го освои второто место“, изјави Јури пред судиите и публиката.

Потоа, таа грубо ја отстрани круната од главата на насолзената Де Силва, која пак си замина од сцената. Целиот инцидент е снимен и објавен на социјалните мрежи.

Организаторите ѝ се извинија на Де Силва која вели дека е разделена од сопругот, но не е разведена. На Facebook таа објави дека завршила во болница поради повреди на главата по инцидентот.

Вели дека ќе преземе легални дејства против неразумните навреди и начинот на кој се однесувале другите кон неа на сцената.

„Сè уште сум мажена жена. Вистинската кралица не е жена која ја зграпчува круната од главата на друга жена“, вели таа.

Организаторите се згрозени од однесувањето на поранешната мисица која грубо се нафрли на Де Силва и веќе полицијата ја испраша за инцидентот.

Овој натпревар за најубава мажена жена во Шри Ланка е голем настан во земјата, а меѓу гостите беше и сопругата на премиерот.

Remote video URL
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Чек дис аут

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more

Дали би се запишале на Академија за овчари?

Read more

Северус е жив! Работи како стјуард во нормалниот свет

Read more
 

Магазин

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе