РОДЕН НА ДЕНЕШЕН ДЕН

Најубавите цитати од Тоше Проески за љубовта и животот

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 година во Прилеп, како второ дете на Никола и Доминика Проески.

Тоше беше несомнено една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, а во Македонија се смета за заштитен знак на домашната забавна музика.

 

Музичката кариера ја почна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победи, изведувајќи ја песната „Yesterday“ од „Битлс“. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Имаше блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори.

Се смета дека подемот во неговата кариера започна по изведбата на песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше стана дел од продуцентската куќа Авалон, каде што остана сѐ до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз „Ве сакам сите“.

Загина на 16 октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

Покрај тоа што беше талентиран музичар, Тоше беше и голем хуманитарец, човек со големо срце и чиста мисла. На овој ден, да се потсетиме на неговите најубави и најмудри мисли за љубовта и животот и да се потрудиме што е можно почесто да се водиме по нив, во негова чест.

„Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов“

„Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе“

„Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.“

„Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва... Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.“

реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

МК сцена

Во сабота по 13-ти пат фестивалот Здраво млади во МКЦ

Read more

Дарио & Миг 21 во живо пред скопјани!

Read more

Маестро Трпчески одржа коннцерт во село Секирник

Read more

„Жал за Ефтина“ – песна на која соработуваа охридски и скопски рапери

Read more
 

Сцена

Фановите на Rotten Tomatoes ги избраа најдобрите филмови во последните 25 години

Читај повеќе

Која е жената што Шакира ја спомнува во новата песна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Времеплов: Пред 29 години се емитуваше првата епизода од култните Friends

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова песна на Шакира и нова прозивка - овој пат на сметка на свекорот: Сѐ уште не стапнал в гроб

Читај повеќе

Како изгледаше Бетмен низ годините?

Читај повеќе
  • play_arrow

Излезе трејлерот за претстојниот документарец за Бекам

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за Barbie

Читај повеќе
  • play_arrow

Гледачите на Netflix се навлечени на новата крими серија

Читај повеќе
  • play_arrow

Николас Кејџ е речиси непрепознатлив во трејлерот за новиот вестерн

Читај повеќе