Најубавите празнични колачиња со ѓумбир

Овие меки и миризливи колачиња се декоративни, но и многу вкусни. Целото семејство ќе ужива во нивната подготовка и декорација.

Разубавете ги претстојните празници за себе и вашето семејство со прекрасни новогодишни колачиња. Овие задолжителни колачиња за празнична маса ќе донесат радост во вашиот дом.

Потребни состојки:
  • 1 јајце
  • 400 гр брашно
  • 120 гр мед
  • 110 гр кафеав шеќер
  • 100 гр путер
  • 60 мл вода
  • 1 прашок за печиво
  • ½ лажичка мелен ѓумбир
  • ½ лажичка мелен цимет
  • ½ лажичка мелено морско оревче
  • ¼ лажичка мелено каранфилче
  • неколку капки арома на ванила

за украсување:

  • 1 белка од јајце
  • 125 гр шеќер во прав
  • сок од четвртина лимон
  • бои за јадење
Подготовка:

Добро измешајте ги брашното, прашокот за печиво, ѓумбирот, циметот, морското оревче и каранфилчето. Со миксер изматете ги путерот, медот, шеќерот, водата, јајцето и неколкуте капки ванила. Полека додадете ја смесата со брашно и замесете тесто. Добиеното тесто поделете го на 2 дела и секој дел посебно завиткајте го во фолија. Оставете го во фрижидер 3 часа (може и подолго). 

На работната површина ставете многу брашно и развлечете го тестото. Со модли исечете ги саканите форми и ставете ги на плех покриен со хартија за печење. Напомена: тестото, сукалото и модлите задолжително посипете ги со брашно за да не се залепи тестото! Печете ги бисквитите 10 минути на температура од 175 степени. Внимавајте да не ги препечете бидејќи се повкусни кога се меки. Добро изладете ги пред да почнете да ги украсувате!

Декорација:

Белките добро изматете ги, измешајте ги со шеќерот во прав и сокот од лимон. Поделете ја смесата и на секој дел додадете ја саканата боја. Ставете ги во различни кесички, исечете мала дупка и украсете ги добро изладените колачиња. За декорација можете да користите разни јадливи мониста. Оставете ги преку ноќ да отстојат пред да ги послужите.

реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Рецепти

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Read more

Сочни чоколадни триаголници со сок од портокал

Read more

Идеја за брз и вкусен појадок: Тост со маринирано пилешко

Read more

Едноставен и здрав колач со јаболка и цимет

Read more
 

Магазин

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе

Зошто на жените им треба повеќе сон од мажите?

Читај повеќе

Во споредба со белиот: Прави ли кафеавиот шеќер разлика во вкусот на кафето?

Читај повеќе

Намирници што имаат штетен ефект врз менопаузата

Читај повеќе