Анастазија Кнјазева има 6 години и е една од најпознатите личности во светот. Многумина ја сметаат за најубавото девојче во светот, а малата Анастазија е интернет сензација која привлекува сечие внимание.
Нејзината мајка Ана Кнјазева го води Instagram профилот на девојчето, каде ја следат скоро 400.000 обожаватели. Новите фотографии ги воодушевија луѓето, а многумина ѝ предвидуваат успешна кариера.
Сепак, има и такви коментари кои ги осудуваат родителите на девојчето поради прераното изложување на социјалните мрежи и модниот бизнис кој знае негативно да влијае на децата во развој.