Највисока стапка на пренесување на коронавирусот има во домаќинствата

Според студијата на Covid-19 Response Team на Империјал колеџ во Лондон, спроведена во соработка со повеќе партнери, асимптоматските пациенти имаат четирипати помала веројатност да ја шират инфекцијата со новиот коронавирус SARS-CoV-2 отколку симптоматските пациенти.

Истражувачите идентификуваа вкупно 97 студии за пренесување инфекцијата со контакт, од кои 45 ги исполнија критериумите за вклучување за мета-анализата.

Овие извештаи беа анализирани за да се „процени стапката на секундарен напад (SAR) и да се набљудува бројот на репродукции во различни средини и да се испитаат разликите според возраста, статусот на симптомите, времетраењето на изложеноста и големината на домаќинството.

Според студијата, шансите асимптоматски пациент да зарази близок контакт е 3,5 проценти во споредба со 12,8 проценти кај пациенти со симптоми. Просечниот број на луѓе во домаќинството кои заразеното лице ќе ги зарази (репродуктивниот број) се проценува на 0,96 (95% CI: 0,67-1,32), се вели во извештајот.

„Оваа анализа дава некои од првите докази дека асимптоматските инфекции се значително помалку заразни од симптоматските случаи“, рече професорот Нил Фергусон, автор на извештајот во статијата објавена на веб-страницата на Империјал колеџ.

Поголем ризик во домаќинствата

Истражувачите, исто така, ја проучувале стапката на трансфер во различни услови и откриле дека стапката на трансфер е поголема во домаќинствата отколку на патувања, социјални собири, на работно место и меѓу повремени блиски контакти. Шансите за пренесување на инфекцијата во домаќинството се 21,1 процент.

„Со оглед на тоа што многу земји ги повикуваат граѓаните да останат дома, со претстојните празници и случаи на самоизолација во домаќинството, нашите резултати покажуваат дека веројатно ова место ќе продолжи да биде важно за одржување на преносот на вирусот“, вели Хејли Томпсон, еден од авторите на студијата.

Истражувачите забележаа дека податоците за преносот на вирусот на работното место, во домовите за стари лица и училиштата се ограничени и затоа се потребни дополнителни истражувања.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе