Највисокиот монтажен облакодер во светот се гради во Сингапур

Необичен проект е во тек во Сингапур – облакодер што би требало да биде највисоката монтажна зграда во светот.

Кулата висока 192 метри ќе се издигне во густо населениот Сингапур, но огромните делови од градбата се прават преку граница во Малезија.

Според BBC, во станбениот проект наречен Avenue South Residences што предвидува две паралелни кули, ќе има 988 станови.

Од компанијата која стои зад проектот, ADDP Architects, велат дека овој начин на изградба е познат како „Монтажна фабрички изработена волуметриска конструкција“ (PPVC) за која е потребен помал напор да се крене и произведува помалку отпад и бучава.

Поединечните модули се фабрички произведени во Синај и Малезија, каде низа шестострани кутии се излиени во бетон. Материјалот потоа се превезува до објект во Сингапур пред да биде преместен на градилиштето, објаснува Маркус Ченг Туан Хан, еден од соработниците и партнери на проектот.

„Ова е како концептот за производство на автомобили, но за градежната индустрија“, вели тој.

Има уште еден сегмент кој се покажа непредвидено поволен во време на пандемија – на градилиштето од ваков тип се потребни помалку работници.

„Полесно е да се контролира безбедната дистанца и логистичкото планирање во фабриката, отколку да ги имате таму сите работници“, вели Хан.

Индустријата на монтажни погони го доживеа првиот процут во Европа и Америка во повоениот период, а урбанистите ја користеа за брзо и соодветно решавање на проблемот со недоволно станбен простор.

Но, на пазарот за монтажни градежни материјали сега доминира Азиско-Пацифичкиот регион.

Изградбата на Avenue South Residences веќе е почната и се очекува да заврши до половината на 2023 година. Проектот е замислено да го надмине највисокиот монтажен погон во моментов во Сингапур и во светот - Clement Canopy – кој е висок 140 метри и исто така е дело на ADDP Architects.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе