Највисоките дрвја во светот завиткани во огноотпорни ќебиња за заштита од пожар

Спасувачките тимови на специјалните служби на Калифорнија ги завиткаа огромните секвои, највисоките дрвја во светот, со огноотпорни заштитни ќебиња за да ги заштитат од катастрофалните шумски пожари што беснеат во оваа сојузна американска држава.

Пожарникарите ја шумата со секвои во Националниот парк во Калифорнија, а долните делови на огромните стебла ги завиткаа во специјални ќебиња од огноотпорна алуминиумска фолија во случај да им се закани пожар.

Меѓу овие џиновски дрвја е и познатиот „Генерал Шерман“, секвоја висока 83 метри, со волумен од 1487 м3, која се смета за најголемото дрво во светот.

URL

На подрачјето на националниот парк Редвуд во Калифорнија, мобилизирани се околу 2.000 пожарникари кои таму ја ставаат во состојба на готовност целата своја противпожарна опрема.

„Се преземаат вонредни мерки за заштита на овие скапоцени дрвја“, рече Кристи Бригам, една од службениците во паркот,. „Навистина сакаме да сториме сé што можеме за да ги заштитиме овие дрвја стари помеѓу 2.000 и 3.000 години“, истакна таа.

URL

Илјадници квадратни километри шуми веќе изгореа во Калифорнија годинава. Бројот и интензитетот на пожарите во западниот дел на САД се зголемија во последните години, а сезоната на пожари се продолжи.

Експертите сметаат дека овој феномен е првенствено поврзан со глобалното затоплување, зголемување на температурите, зголемување на топлотните бранови и помали врнежи, а сето тоа го прави „идеален запалив коктел“.

Два пожари избија во четвртокот во близина на шумата со секвои, дел од националниот парк Редвуд, во кој се сместени петте најголеми познати дрвја во светот, а меѓу нив и „Генерал Шерман“, кој привлекува десетици илјади туристи.

Пожарите со низок интензитет генерално не можат да им наштетат на огромните секвои, кои се прилагодија на пожарите со текот на времето благодарение на екстремно густата кора на стеблото и гранките лоцирани многу високо, надвор од дофат на пламен.

URL

Но, исто така, за овие дрвја да се репродуцираат е потребен оган, бидејќи топлината на пламенот ги „пука“ конусите како пуканки, ослободувајќи стотици семиња.

Џиновскитедрвја, кои растат само во Калифорнија во подножјето на Сиера Невада, сепак не успеваат да ги преживеат пострашните пожари што избувнаа во Калифорнија во последните години поради климатските промени.

„Во однос на климатологијата, ние сме во непознати води“, изјави загрижено Кристал Колден, експерт за противпожарна заштита на Универзитетот во Калифорнија, Мерцед.

Минатиот мај, експертите беа изненадени кога открија дека огромна секвоја зафатена од пожар, сѐ уште гореше бавно, како дрво во камин.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе