Филм & ТВ

Највозбудливите трејлери од Comic-Con 2019: Што ќе гледаме следната година?

22. јули 2019 - 15:06 | А.С.

Саемот Comic-Con во Сан Диего што заврши вчера донесе бројни трејлери за филмови и серии што ќе ги очекуваме следната година.

Иако Marvel без сомнение го украде шоуто со најави за големи блокбастери, на саемот најсилно блеснаа трејлерите за ТВ-серии.

Годинава се почувствува отсуството на некои големи имиња на саемот во Сан Диего - Warner Bros реши да го скокне настанот, што значи дека немавме можност да ѕирнеме како ќе изгледаат проектите како „Wonder Woman 1984“ и „Dune“; додека CBS не го покажа трејлерот за третата сезона на „Star Trek: Discovery“,што беше големо изненадување.

Но, затоа имавме прилика да видиме многу други најави: The CW, HBO и TBS покажаа како ќе изгледаат „Arrow“, „Westworld“ и „Snowpiercer“, а Amazon и Netflix дадоа прв поглед на „The Expanse“ и римејкот на „Dark Crystal“.

Ова се највозбудливите трејлери за сѐ она што нѐ очекува:

AGENTS OF SHIELD SEASON 6

ARROW

BLACK LIGHTNING

CARNIVAL ROW

DARK CRYSTAL AGE OF RESISTANCE

THE FLASH

HARLEY QUINN SEASON 1

 

MAN IN THE HIGH CASTLE

 

SNOWPIERCER

SUPERGIRL

WESTWORLD

 

Коментирај