Џереми Микс, човекот чија полициска фотографија од апсење го направи ѕвезда на социјалните мрежи и му го заработи описот „најзгодниот криминалец во светот“, излезе од затвор, пишува Buzzfeed.
Мемите и фотомонтажите за Џереми во модни кампањи што се појавија на интернет, навистина му донесоа агент и понуди за ангажмани.
Сега конечно, Џереми ќе може да ја започне својата кариера, откако вчера излезе од затвор, каде ја отслужуваше својата 27-месечна казна поради нелегално поседување на огнено оружје.
Неговиот агент Џим Џордан вели дека моментално разгледуваат понуди со Џереми и разговараат со повеќе модни агенции, дури и филмски продукции.