Поранешниот министер обвинува

Наќе Чулев: Во МВР се вршат незаконски и политички мотивирани распоредувања на вработени

„На нешто повеќе од еден месец по завршување на изборите, за жал морам да конститирам дека Министерството за внатрешни работи е заложник на политички игри, а вработените во оваа институција се жртви на политичките пресметки, одмаздувања и реваншизам. Денес Министерството за внатрешни работи е политички заробена институцијата, повеќе од било кога. Ниту една реформа која се спроведе во минатото за жал не успеа да ја отргне политиката од оваа важна и значајна институција, која треба да биде гарант и заштитник на безбедноста на државата и граѓаните", обвини денес поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„Изминатиот период, интензивно сум во комуникацијата со моите колеги од Министерството за внатрешни работи и тие често ме информираат дека трпат сериозни политички притисоци, а истите информации ги добивам и од членовите на неколкуте полициски синдикати. Сведок сум на неколку десетици примери каде вработени во Министерството за внатрешни работи тенденциозно и злонамерно се деградирани и распоредени на работни места кои што не се соодветни со нивната стручна и физичка подготвеност, а има и случаи каде вработените се упатувани на работни места кои се повеќе од 50 километри одалачени од местото на живеење. Па така вработен од Куманово се распоредува на работно место во Матејче, вработен од Охрид во Струга, колега од Кавадарци се распоредува на работа во Прилеп, а раководно лице од Прилеп е прераспоредено на работа во Битола, а тие со место на живеење во Битола се распоредува на работно место во Македонски Брод.

➡️ Конкретните примери говорат за деградирање на професионалци со сериозно и значајно искуство во работата, со голем број меѓународни и домашни обуки позади себе и исклучителни резултати во работењето.

Факт е дека станува збор за постапки кои се спротивни на законските прописи во државата и од тие причини ги поттикнувам колегите овие одлуки да ги оспорат пред надлежните институции и своите права да ги бараат пред соодветни органи. Но, истовремено ги поттикнувам за сите овие случаи да ги информираат преставниците на меѓународната заедница во нашата државата, а нив ги повикувам јавно да ги осудат постапките кои се спротивни на заложбите за професионализација и деполитизација на полициските структири. Апелирам до полициските синдикати да ги осудат сите постапки кои се спротивни на законот за полиција и законот за внатрешни работи и цврсто да застанат во одбрана на правата на вработените.

Професионална и одговорна полиција која ќе ги штити граѓаните се гради исклучиво со професионален, одговорен и чесен пристап. Политичките поделби и реваншизмот да го оставиме за во сообранието и во медиумите каде политичарите ја водат таа „битка“. Евроатланските процеси и нивното успешно завршување бараат цврст, одговорен пристап при менаџирањето на оваа значајна институција која ќе ги штити граѓаните и која ќе води бескомпромисна борба со организираниот криминал и корупција", пишува Чулев на неговиот Facebook профил.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе