„Налепница“ со награда за најдобар краток филм на Brooklyn Film Festival

Награда за најдобар краток филм на Brooklyn Film Festival доби филмот „Налепница“ на Георги Унковски. Овој филм беше прикажан во конкуренција на фестивалот Sundance, а доби и престижна награда во Словачка.

Како што соопшти денеска Агенцијата за филм, „Налепница” исто така е селектиран и ќе биде прикажан на претстојното издание на Palm Springs International Short Film Fest 2020, што оваа година ќе се одржи од 16 до 22 јуни.

Викендов, како што наведува Агенцијата, свое прикажување во рамките на иницијативата „We Are One – A Global Film Festival“ имал и филмот „Знак” на Елеонора Венинова.

– Планетарната криза со COVID-19 има големи реперкусии и во функционирањето на Агенцијата за филм, а тоа секако значи дека и македонскиот филм е пред предизвици. Застојот со COVID-19 ги стави во мирување сите проекти на Агенцијата, а филмските работници кои се најчесто фриленсери немаат покриено придонеси и редовен месечен надомест. Агенцијата за филм заедно со Друштвото на Филмските Работници (ДФРМ), иницираше и издејствува средства за субвенција на филмските работници за два месеца. Исто така сите проекти кои беа во завршна фаза, Агенцијата направи напор да бидат исплатени, а притоа напомена приоритет во исплатите да бидат слободните филмски работници кои работеле на овие филмови, соопшти Агенцијата.

Посочува дека ова се првите интервентни мерки преземени од европските фондови за ублажување на влијанието на последниците од епидемијата, а како што подвлекува во соопштение, ќе ги има и во периодот кој следи.

– На македонскиот филм му посакувам да продолжи да ја живее својата ренесанса и да се продуцираат добри и квалитетни филмови кои ќе остават печат во домашната и странската кинематографија. Во оваа криза пред сѐ мораме да ги заштитиме филмските работници, тие посветени професионалци без кои нема да има македонски филм. Агенцијата ќе ги објави резултатите од конкурсот за филм како и секоја година кон крајот на јуни, почеток на јули, истакна директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе