Извештај на Институтот за јавно здравје

Намален бројот на нови позитивни случаи, за 6,8 отсто зголемена смртноста

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 11 до 17 јануари 2021 биле тестирани вкупно 14.111 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.089; 45,4%), со неделна инциденца – 176,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 238,5/100.000 е регистрирана во Ресен.

Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување се движи од 11 до 19%, просечно 16%, што претставува намалување од 3% во споредба со минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=631, 26,3%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40 до 49 (n=446; 18,6%), од 30 до 39 (n=422; 17,6%), од 50 до 59  (n=403; 16,8%) и од 20 до 29 (n=352; 14,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (n=31; 1,3%) и од 10 до 19 години (n=112; 4,7%).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.785 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29,7% повеќе во споредба со минатата недела.

Во периодот на известување, пријавени се 79 смртни случаи од 23 града, со зголемување од 6,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 62 лицa биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50 до 59 години, 3 лица на возраст од 40 до 49 години и едно лице од 30 до 39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со COVID-19 за периодот од 11 до 17 јануари 2021 година, како и кумулативната состојба со COVID-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе