Намален бројот на новозаразени со COVID-19, активни 3.428 случаи

Скопје, 8 август 2020 (МИА) – Последните пет дена бројот на заразени од COVID-19 во државата не надмина 10 проценти од направените тестови. Во некои денови од неделата стапката на новозаразени се намали и до пет проценти од вкупниот број тестирани пациенти. Министерството за здравство вчера објави дека се регистрирани нови 155 случаи од 1 845 тестирања, како и дека починале две лица, а 127 оздравеле.

Како и во претходниот период и вчера најголемиот број новозаразени беа регистрирани во Скопје, вкупно 51 пациент, па Гостивар со 22, Кавадарци со 14, Штип со 13 и Куманово со 11 нови пациенти. Од оздравените, исто така најголем е бројот на тие од Скопје 40, по што следат Штип 22,  Куманово 17, по 10 во Ресен и Радовиш,  Прилеп шест, Гостиват пет, по двајца во Велес и Битола.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 11.554,  бројката на оздравени пациенти е 7.607, на починати 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.428.

Нови 10 пациенти со COVID-19 вчера беа дијагностицирани и во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје.

– Тоа се асимптоматски случаи кои се откриени со тестирање и ќе бидат сместени во изолиран дел и за нив ќе се грижи кадар од болницата, потврди за МИА министерот за здравство, Венко Филипче.

Спорд директорката на болницата, Салија Љатиф Петрушовска, ситуацијата е под контрола, херметички е затворен одделот на третиот кат, а извршена е и вонредна дезинфекција.

– Заболените се во добра здравствена состојба и се без симптоми. Откриени се преку скрининг, кој го направи болницата. Со новите случаи, вкупно 17 пациенти се позитивни на COVID-19, како и тројца вработени во болницата, изјави за МИА Петрушовска.

Од болницата преку соопштение информираа дека од вкупно 17 позитивни пациенти, двајца се со потешка клиничка слика и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а тројца асимтоматски пациенти се префрлени за лекување во Ковид центарот во рамки на болницата Козле.

Министерот за здравство завчера во гостување на ТВ Канал 5, посочи дека здравствениот систем веќе два месеца интензивно се подготвува за есенските месеци со зајакнување на постојните јавно-здравствени установи за третман на пациентите со коронавирус

– Се зголемува бројот на болнички капацитети во сите 16 болници кои ќе добијат модуларни мини инфективни одделенија со цел тие со сега посебните објекти, да останат целосно „чисти“ за да може нормалната патологија што се работи едноставно да не трпи и пациентите да можат да добијат здравствена услуга, како и да не се креираат листи на чекање. Ќе се инсталираат апарати за дијагностика во сите овие центри за брза дијагноза на вирусот, најави Филипче.

Според него, за секој пациент е направено сѐ што треба и во однос на стадиумите пред поставувањето во респираторна машина и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина.

– Сите врвни експерти во нашата држава се вклучени во лекувањето преку системот за консултација, па дури и физичко присуствуваа. И анестезиолозите по систем на ротација се присутни во одделенијата каде што се лекуваат пациентите од Ковид-19, кои се поставуваат на респираторна машина. Тоа се експерти со големо искуство во ракувањето со овие машини, затоа што тоа бара и одредено познавање на самата машина, но и во типот на лекување. Тоа лекување на пациент во интензивна нега на респираторна машина без разлика од која причина е – ќе кажам – медицина во мало. Тука се обединети знаења и искуства од многу специјалности, додаде Филипче.  

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе