Намаленото производство на нафта продолжува и во јули

Групата земји извознички на нафта, позната како ОПЕК +, во април се договори следните два месеца, мај и јуни, да го намали снабдувањето на светскиот пазар на нафта за 9,7 милиони барели дневно, пред сѐ, за да може да ги зголеми цените што со месеци наназад се минимални поради малата побарувачка од кризата со коронавирусот.

Намалувањето ќе продолжи и во јули, се согласија вчера членките на ОПЕК на почетокот на видео конференцијата, објавија ноќеска светските агенции. Според претходниот договор, производството требаше да се намали на 7,7 милиони барели на ден во периодот од јуни до декември.

URL

Цената на барел нафта на лондонската берза во петокот се зголеми на највисокото ниво во последните три месеци, на над 42 долари, откако во април падна под 20 долари. Но, цената на нафтата и натаму е за третина пониска отколку на крајот на 2019 година.

Саудиска Арабија, водечка земја на ОПЕК, и Русија мора да го балансираат зголемувањето на цената на нафтата за да ги задоволат своите буџетски потреби, но не и над 50 долари за барел, затоа што не сакаат повторно да го зголемат американското производство на нафта од шкрилци, забележуваат британските медиуми.

Тагови
реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе